Енергетска ефикасност
Светот веќе одамна го зафати “зелениот” бран, сé повеќе се инвестира во енергетски ефикасни системи, со кои се заштедува енергија, а истовремено се заштитува околината. Во Македонија во последно време се забележува подигнување на свеста за значењето на енергетски ефикасните системи, и нивната улога во заштитување на околината. Едноставна дефиниција за енергетска ефикасност би била онаа која упатува на користење на помалку енергија за да се овозможи иста услуга, без притоа да се намали комодитетот.

Според ЕУ Директивата за енергетски перформанси на згради (EPBD), за одредување на енергетската ефикасност на згради се земаат во предвид следните форми на термална и електрична енергија:
- Греење
- Санитарна топла вода
- Ладење
- Вентилација
- Осветлување
Според истражување на Siemens, од вкупната потрошувачка на енергија во Европа, 41% отпаѓа на зградите. Од тие 41%, 85% се користи за греење и ладење на простории, а 15% за електрична енергија (осветлување). Генерално, зградите имаат потрошувачка на енергија од 35% за обезбедување на комфорни температури и 6% за електрична енергија, што претставува значителен дел.
Со користење на информациско-комуникациски технологии за автоматизација на термалните процеси во зградите, може да се постигне значително намалување на потрошувачката на енергија, а со тоа и намалување на оперативните трошоци. Според истражување во Германија, потрошувачката на енергија за загревање на згради достигнува 920 TWh (терават часови), од кои повеќе од половина (околу 60%) отпаѓа на нерезиденцијални згради. Се проценува (врз база на стандардот EN 15232 – Автоматизација на згради) дека 20% може да се заштедат со помош на системи за автоматско управување, што грубо одговара на 110 TWh. Вакви слични резултати се очекуваат и во другите земји. Мепринг Сервиси е компанија која со вградување на системи за автоматско управување во неколку општини и училишта во Р. Македонија допринесе до значителни заштеди на енергија за греење. Со секојдневната желба за напредок и воведување на иновации во работењето компанијата придонесува и се труди да се подигне свеста на сите стеикхолдери со кои соработува, како и на своите клиенти да размислуваат и делуваат енергетски ефикасно, и тоа да не биде тренд, туку дел од секојдневието.