Енергетска Ефикасност на О.У. Лирија
03/29/2016 - 09:36

Врз основа на Меморандумот за соработка во областа на енергетската ефикасност – Испитување на енергетските карактеристики на јавни згради, потпишан на 17.09.2013 помеѓу Општина Чаир и австриската фирма ECON Projectmanagement, реализиран е пилот проектот за подобрување на енергетската ефикасност на основното училиште “Лирија” во периодот 10/2013 - 04/2014 година. Изведувач на работите е фирмата МЕПРИНГ СЕРВИСИ ДООЕЛ.

Во рамки на пилот проектот, од аспект на реконструкција и модернизирање на постојниот систем за греење на О.У. Лирија, беше направена целосна проценка на системот и добиени следните резултати:

  • Заради извршените работи на обвивката на објектот, нови прозорци, изолација на надворешни ѕидови и покрив, постојниот систем за греење станува предимензиониран.
  • Опремата во котлара:
  • Снагата на котлите е предимензионирана;
  • Постојните циркулациони пумпи мораат да се прилагодат на новата ситуација.
  • Грејните тела во ходниците се предимензионирани.
  • Постојниот систем не е поделен на два круга за јужна и северна страна, туку еден круг е за северна страна, јужна страна, како и за ходници, што доведува до преголеми загуби на топлина и не е енергетски ефикасен, на пример, во периодите кога работи само администрацијата (за време на распуст), или кога се користи само спортската сала, се загрева целото училиште.

Врз основа на направената анализа на оваа ситуација и пред сé преку употреба на најмодерни технологии – регулација според временска прогноза, која предвид го зема времето и осончаноста и се користи складираната енергија во зградата, спроведени се следните мерки за намалување на потрошувачката на енергија:

  • Преработка на системот за греење:
  • Постојните 2 грејни круга проширени се на 4 грејни круга, односно заменети
  • Греен круг Север (Администрација, Наставничка канцеларија)
  • Греен круг Ходници
  • Греен круг Спортска сала
  • Греен круг училници – Југ
  • Преработка на котелот на нафта за подобрување на ефикасноста.

За секој од грејните кругови беше вградена автоматска регулација според надворешна температура и компензација со собна температура, како и дополнителна регулација според временска прогноза, како и далечинско управување и мониторинг на целиот систем преку Интернет.

На ден 02.10.2014 година во Општината Чаир се одржа презентација на постигнатите резултати од пилот проектот, на која на МЕПРИНГ СЕРВИСИ ДООЕЛ беше доделена пофалница за успешната реализација на проектот.
Остварени заштеди на енергија:

  • Пред мерките за енергетска ефикасност за загревање на училиштето се трошело 60000 литри нафта годишно.
  • По воведените мерки за реконструкција на обвивката на училиштето, потрошувачката е намалена на 40000 литри нафта годишно.
  • По воведените мерки – реконструкција на систем за греење и вградување на автоматска регулација, потрошувачката е сведена на 17000 литри нафта годишно, или остварени се заштеди на топлинска енергија од 46.65%!
  • Поврат на инвестицијата е за период од 1,4 години.