Доделување на наградата од областа на животна средина "Energy Globe Macedonia"
04/08/2015 - 10:34

На 27.05.2014 беше одржана церемонијата на доделување на наградата од областа на животна средина “Energy Globe Macedonia”, која ја доделува интернационалната фондација “Energy Globe” во соработка со Трговското одделение при Автстриската Амбасада. Оваа година наградата ја доби Општината Кисела Вода за проектот "енергетско реновирање на училиштето Партенија Зографски", во којшто учествуваше и Мепринг сервиси со имплементирање на мерка за енергетска ефикасност - систем за автоматска регулација и далечински монтиторинг на топлинската подстаница, пришто беа постигнати огромни заштеди на топлинска енергија, а инвестицијата се врати за само неколку дена.